речник контакт

Пролетно искачување на врвот Даутица

На искачувањето на Даутица 2.178 м.н.в. учествувале 50 учесници од десетина града

Петар Печков

Неделата 2 јуни, се изведе 9- тото традиционално искачување на  планината  Даутица и планинскиот врв Даутица 2.178 м.н.в. На ова искачување организирано од велешкото граѓанско здружение Зелена сила (Грин пауер),  учествуваа 52 учесници од повеќе градови на Македонија, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Велес, Штип, Берово, Охрид, Гостивар, Прилеп, Росоман и Сирково.  

Должина  на искачувањето е околу  16.2 км во обата правци,за период од 4-4,5 часа до врвот.  Поаѓањето беше од Планинарскиот дом Папрадиште.

Даутица или Орешка Планина е  висока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, дел од најголемиот планински масив Јакупица. Претставува пределна граница помеѓу Пелагонија и Прилепското Поле на исток, Порече на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток.

Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра составен од пет планини - Караџица, Јакупица, Даутица, Китка и Голешница.

Од врвот Даутица се простира поглед кон вештачко езеро Козјак со природен резерват Јасен, Солунска Глава, Караџица, Поречие и Македонски Брод, Пелагонија, Пелистер, Крушево, Рила, Пирин, Кожуф, Беласица.
 
Фото ФБ/ Планинарски Дом Папрадиште (Еколошка Групација Грин Пауер)

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »