Петар Печков
Објавено: вторник, 28 април 2015
Со пролетта, започна и полетното чистење на градот. Се чистат дивите депонии во урбана средина, на патиштата и во природа За еден месец собрани се 123 метри кубни смет од јавните површини на неколку локации во Велес. Надлежните апелираат до граѓаните за почитување на Правилникот за управување на отпад и фрлање на сметот.
Иако состојбата со постоењето на диви депонии од година во година се подобрува, Општина Велес апелира до сите граѓани соодветно да постапуваат со отпадот кој го создаваат. Обезбедени се сите предуслови за тоа - постоење на депонија за земја, шут и друг градежен материјал и достапна услуга за собирање и транспортирање на комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад од страна на ЈКП Дервен - велат од локалната власт.
Општина Велес и ЈКП “Дервен” изминатиот месец спроведоа активности за чистење на дивите депонии на неколку локации: патен правец Велес-Башино село, зелен појас во близина на Топилницата, простор позади паркинг-плацот пред библиотеката „Бели Мугри“, простор позади колективни станбени објекти на улица „Димитар Влахов“ -поранешен ИМПРЕС, брег до амбуланта “Панче Васков”, улица “Партизанска”, простор на улица „Димитар Влахов“ брег на река Вардар, простор на улица „Петре Прличко “-во близина на Факултет за туризам и угостителство, простор на позади гаражи на „Парк Каршијака“.
Пролетното чистење на градот е во согласност со предвидените активности од Програмата за управување со отпад за 2015година, за чистење на јавните површини.
Tweet |