речник контакт

Пролетта го разбуди дрвото кое Вардар го донесе со поплавата

Раззеленија дрвјата среде река, кој Вардар го донесе од поплавата од 5-ти декември минатата година.

Петар Печков

Тие пет месеци се закачени на столбовите од мостот Гемиџии во центарот од Велес, без корен и живеат од водата. Граѓаните подолго време апелираат дрвјата да бидат отстранети, бидејќи ја нарушуваат стабилноста на мостот.  Иако локалната власт најави дека ќе го стори тоа, без оглед кој е задолжен,  одржувачот на мостот ЈП Македонија пат, Фондот за патишта или Центарот за справување со кризи, досега тоа не се случи.

Соседите од околината на мостот ,,Гемиџии,, велат дека често се случува дрвја да бидат закачени на  носечките столбови на мостот, од надојдениот Вардар. Но не помнат  со децении дека биле отстранети од надлежните институции. Вообичаено во текот на летото, нив ги собирале велешани од социјално ранливите категории, кои со пили и секири, во вода ги сечеле дрвјата и потоа ги носеле дома а служеле за греење.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »