речник контакт

Пролетта доаѓа попладневно во 17,57 часот

Астрономски и календарски дојде, за многумина најубавото годишно време. Денес, четврток денот е колку и ноќта

Петар Печков

По релативно благата и не многу снежна зима кај нас, но не и во другите делови на северната хемисфера на 20.03.2014 година, во 17 часот и 57 минути официјално започнува пролетта.

На овој ден на целата земјина топка, денот и ноќта траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго.

Пролетта завршува на 21 јуни. Во исто време, додека на северната хемисвера утре почнува пролет, на јужната пак започнува есента и таму ноќите ќе стануваат подолги од деновите исто така до 21 јуни.

Според тоа, следните 3 месеци или поточно 92 дена може да уживаме во пријатните пролетни и според прогнозите, доста топли денови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »