речник контакт

Промена на Деловник, со кој советниците ќе добиваат надомест согласно присуството на седниците

Претседавачот Коциќ бара помош од стручните лица и здруженија за промените на Деловникот

Петар Печков

Претседателот на Советот на Општина Велес,  Ненад Коциќ ја започна постапката за менување на Деловникот. На седницата закажана за в среда, како точка на дневен ред, е формирање работна група за подготовка на измени и дополнувања на Деловникот на Советот на Општина Велес. Ова е почеток на  постапката, за која на почеток ќе формира работна група. Таа ќе се состои од пет лица, три члена се од редот на советниците и два од администрацијата на локалната власт. 

Целта е во иднина работата на Советот да стане поефективна, да се обезбеди редовно присуство на советниците на комисите и седниците, како и да се оправдаат средствата кои советниците ги добиваат за својата работа.  За да се изврши транспарента измена на Деловникот ги повикувам здруженијата на граѓани и заинтересираните граѓани, посебно експерти од областа на правото и локална самоуправа, да се вклучат во промената на Деловникот - посочува претседавачот Коциќ, во својство на предлагач кој ги повикува  заинтересираните граѓани и организации  лично да го  контактираат. 

Паричниот надомест кој го добиваат советниците е во висина од 70 отсто од просечно исплатена плана во претходната година, но во зависност од големината на општината според населението. Коциќ на прес конференција и од претседателското место во Советот на крајот од минатата година, во неколку наврати кажа дека нема да дозволи советници кои дошле на пет седници за земаат целосен надомест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »