речник контакт

Промени во вреднувањето за наградените за 9 Ноември

Меѓу другото одлучено е дека може да има најмногу до десет добитници

Петар Печков

Советот на општина Велес на последната седница донесе неколку промени во однос на општинските награди за 9-ти Ноември.  

Меѓу новините е што предлогот мора да биде образложен и да содржи податоци и докази за исполнување на условите од член 6 на оваа Одлука. Годините нанзад имаше случаи кога награди се доделуваа без јасни критериуми, по системот договор на партиите во Советот, за дејности кои имаат свои моменти на вреднување, 24 мај денот на просветните  работници, избор на спортист,  новогодишното наградување  на  највредните работници во општината. 

Новина е што секоја година ќе  се доделуваат до 10 плакети, пофалници и благодарници, доколку Советот на Општината Велес не одлучи поинаку. Во досегашните доделувања се помни кога бината беше преполна со добитници, на немаше место за сите да се фотографираат.

Паричната вредност за наградата за животно дело “Гемиџии“ од три просечни исплатени плати се намали на две просечно исплатени плати.

Паричната вредност на наградата за нај студент „Ѓорѓи Шоптрајанов“ од триста евра се покачи на една просечно исплатена плата. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »