речник контакт

Промовиран ,,Калина и бикот,, на Соле Љубин

Книгата има уште еден роман ,,Артуро,, на велешанецот од Австралија Игор Шундуковиќ

Петар Печков

Во саботата вечер во Ликовниот салон во Велес беше промовирано новото дело на Димитри Соле Љубин ,,Калина и бикот,,.

Калина и бикот е дело кое говори за освестувањето, за вистината, да се биде ничија копија и ничие индиго дело. Романот содржи хиперболизирани емоции и мисли кај авторот.  Калина и бикот е роман за внатрешната далечина, за кога ќе се изгубиме себеси и кога човек е далеку од себе, се му се чини изгубено - рече промоторот Весна Апасиева професор по македонски јазик и литература.

Ова е втор роман на Љубин по ,,Пердуви и нож,, од 2010-тата и неговата стихозбирка од 2004-тата ,Соларни симболи,,.

Кога почнав со создавање на овој роман, го барав својот мир насекаде. Патував, истражував, барав луѓе кои станаа дел од оваа приказна, секој на свој начин. Оставија печат, свој знак. Така растеше Калина, Јана. Нивните мечти, потрагата по својот дом и мир. Секоја вистина има свое време па така дојде и за оваа книга, за оваа приказна – изјави авторот Димитри Соле Љубин.

Во оваа книга застапен и и вториот роман, тоа е ,,Артуро,, на велешанецот кој живее и работи во Австралија Игор Шундуковиќ.  Ова е вистинска реткост во книжевниот опус, да се издадат две дела во една книга. Таа е приватно издание на двата автори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »