Петар Печков
Објавено: петок, 20 октомври 2017
Во медиотеката на локалната библиотека попладнево беше промовирано 18-то издание на списанието ,,Велес,,. Во него се отпечатени 27 текста, поврзани за Велес, неговото минато, традиција, но и осврти за книжевните дела посветени за и од Велес. Списанието го промовираше проф. д-р. Васил Тоциновски. За него оваа промоција е посебен момент.
Една национална литература не постои без списанија. Немате ли списание немате сегашност, немате минато и останувате без иднина. Иако овие списанија живуркаат во литературата и книжевноста, тие се неопходни и потребни. Велес пак има традиција преку своите автори. Преку повеќе рубрики списанието го задржува вниманието на читателот – изјави Тоциновски.
Тој побара за списанието ,,Велес,, и локалната власт да одвојува средства. Издавач е Клубот на писатели од Велес ,,Кочо Рацин,,.
Tweet |