речник контакт

Промовиран 20-тиот број на списанието Велес

Има 23 текста посветени за Велес и велешани

Петар Печков

Друштвото на писатели ,,Коста Солев,, го промовираше 20-тото издание на списанието ,,Велес,,.  Настанот се одржа во Ликовниот салон. Во овој број од списанието има отпечатено 23 текста. 

Списанието е карактеристично по тоа што единствената тема која ги спојува авторите е темата, а тоа е Велес и велешани. Во овој број има повеќе книжевни студии,  летопис за книжевни објави, велешки духовен архив. Станува збор  за списание кое има свое место и пошироко од границите на државата. Ниту една национална литература не може да опстојува без  книжевните списанија, тие се барометар на катадневието на една национална литература - рече проф д-р. Васил Тоциновски.        

Првиот број на ова книжевно списание ,,Велес,,, беше издаден во 1997-а година и опстојува до денес.   Издавач е   Клубот на писатели од Велес ,,Коста Солев,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »