Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 септември 2023
Во рамките на Фестивалот на документарен филм Македокс, и патувачкото кино, во неделата вечер, на завршната проекција која се одржа во Горно Оризари, беше промовиран документарниот филм „Историјата на Оризари“.
Филмот е во продукција на „Глас на Оризари“ во времетраење од 53 минути. Истиот може да се погледне тука.
Во документарецот кој започнал да се работи од 2016 година, со собирање на фото и видео материјал, има сведочењана десетина лица, постари жители на Горно Оризари доселени од Санџак. Има податоци и од Државниот архив но и млади жители кои говорат за животот во населбата.
Сценариото е на Семир Алимов, монтажата на Елмин Каришиќ, наратор е Енвер Карталовиќ.
фото „Glas Orizara“
Tweet |