Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 март 2026
Авторот Анде Јанков во родниот Велес го промовираше неговиот роман „Meменто мори“. Тој е негов шести роман, крими содржина, претходните пет имаа позитивен прием кај читателите. Издавач е „Антолог“
„Ова е петто продолжение за инспекторот Николов, серијал кој продолжува со нова книга. Со неа дојдов до средината на серијалот од девет. Редно беше по претставувањето во Скопје, Штип и Прилеп да ја промовирам и во родниот град. Инспирација никогаш не не недостасува. Ако се вели дека фатив терк на занаетот, сега се обидувам да додадам некои елементи кои досега ги немало во моите книги“ – кажа Јанков.
Тој е автор на романите „Едно лето на Крит“ (2016), „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), „Само Бог простува“ (2022), „Кобајаши Мару“ (2024).
„Тие што го знаат авторот Јанков, знаат дека шармантниот инспектор Николов излегува како победник во вртлогот од настани од претходните романи, сам против злото, сам против сите а во оваа книга е сам против сите. Ако го погледнеме целиот серијал, ќе воочиме градација. За читателите, оваа приказна изобилува со луцидни пресврти, интригантни тригери, неизвесност и адреналин, па страниците се голтаат по примерот највозбудливите светски трилери“ – рече промоторката Софија Стојков.
Промоцијата се одржа на малата сцена не велешки театар.
| Tweet |




