Петар Печков
Објавено: петок, 24 февруари 2017
Авторот Божидар Јовиќ го промовираше неговото ново дело, романот ,,Животна посветеност,,. Тоа е ново вредносно дело во севкупното книжевно и научно творештво на Божидар Јовиќ, кое може да се одреди како роман хронологија. Како наратор се јавува писателот кој хронолошки опстојно и доследно ги запишал личностите, времињата и настаните кои некогаш биле живот. Книгата ја промовираа Игор Крајчев и Васил Тоциновски.
Оваа книга е химна, воспев на македонската мајка, која е симбол за татковината. Мајката во делото на Јовиќ, низ премрежињата на Втора Светска војна, низ одгледувањето на двата сина близнаци ја покажува македонската мајка која може се` да совлада и победи и да покаже дека имаме еден и единствен живот кој треба полнокрвно да се живее. Настанот се случува во, велшко со што добиваме уште еден автор кој е летописец на извонредно богатиот Велес –изјави д-р Васил Тоциновски. Книгата е издание на просветно дело.
Селото Радово во кое се случуваат приказните е книжевен псевдоним за географијата на Велес и Велешко. Приказната за Дара и Илија се заврзува непосредно пред почетокот на Втората светска војна која донесува нови зла и поразии, до сенародната борба за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи која ја донесува слободата и во едно ново време почнува обновата и изградбата на татковината.
Овој роман претставува животно јадро на македонскиот човек а посветен е на македонската мајка. Досега пишував стручна литература и поезија, ова е нов литературен израз каде продолжувам. Во зависност од времето ќе зависта и моите наредни творечки ангажмани – рече авторот Јовиќ. Ова е негово шесто дело.
Tweet |