Петар Печков
Објавено: среда, 16 септември 2026
Велешката роднокрајна авторка Соња Гаврилова го промовираше нејзиниот прв роман за деца и млади „Стоје -бројче“. Ова дело е резултата на нејзината 38 годишна работа како училиштен психолог во ПОУ „Маца Овчарова“.
„Ова мое прво книжевно дело е инспирирано од моето долгогодишно професиоллно искуство и посветеност кон децата. Хуманоста и благородноста кај децата се вградуваат преку воспитувањето и образовниот процес уште од најмала возраст, за да ги следат низ животот како позитивни карактерни особини, со кои ќе израснат во успешни личности, корисни граѓани за семејната и поширока, општествена заедница“ – рече Гаврилова. Денес, како пензионер, продолжува активно да придонесува кон заедницата.
Во „Стојче-Бројче“ главниот лик, Стојче, со влегувањето во училиштето предизвикува отвора прашања за прифаќањето, различностите, другарството и начинот на кој заедницата се менува кога ќе научи подобро да ги разбира оние кои се различни.
За промоторката Марија Давчевска романот не е дело кое само ќе се прочита и ќе остане на полицата, туку истовремено претставува и едукативен ресурс.
„Таа ја раскажува приказната, но истовремено нè учи. Романот е дело кое може да биде значајно и за децата, но и за родителите, наставниците и стручните соработници“ – кажа Давчевска.
Романот „Стојче-Бројче“ е објавен од велешката издавачка куќа „ЗБОР“, авторката Гаврилова го посвети на својата долгогодишна пријателка, колешка и цимерка од канцеларија – Тања Попова.
фото Градска библиотека Гоце Делчев Велес
| Tweet |










