речник контакт

Промовиран романот „Сигурен ризик“ од Анде Јанков

Ова е трета книга на Јанков

Петар Печков

Анде Јанков го промовираше неговиот трет роман „Сигурен ризик“ издание на издавачката куќа Антолог. Неговите две претходни книги  „Едно лето на Крит“ издадена 2016-та  и „Виенски гамбит“  издадена 2020-та, предизвикаа голем интерес и читаност.

Во своите дела Јанков одлично се впушта во жанрот трилер, кој секогаш има своја публика, каде со големо мајсторство ги внесува читателите во мистериите на сторените убиства.

„Ова дело е продолжение на втората книга „Виенски гамбит“ кој е замислен како прво дело од еден подолг крими-серијал.  Во ова време кога бевме затворени во карантин, имаше време да се пишува, да се твори“ - рече авторот Јанков. 

Тој смета дека овој жанр, трилерот, малку е присутен кај македонските автори иако   има  своја публика која го чита.  Младиот велешанец, авторот Јанков е дипломиран економист, а  со своите две претходни книги, постигна успех, имаа висока читаност па тиражите бргу се продаваа.

„Сигурен ризик е возбудлива, интригантна книга, која нема читателот да го остави рамнодушен. Дејствието се случува по улиците на Скопје, каде инспекторот Виктор Николов, како главен лик,  истражува убиство на млада 29 годишна новинарка“ -  кажа промоторот Денис Бојаровски.
Промоцијата беше во организација на велешката Библиотека „Гоце Делчев„ а во рамките на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »