Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 ноември 2012
Во рамките на 45-то издание на манифестацијата „Детски Рацинови средби“, во ликовниот салон беше промовирана книгата „Младите и демократијата“ од Божидар Јовиќ, општински просветен инспектор.
Промоцијата на книгата привлече голем интерес кај претставниците на образовните институции и научната јавност од областа на педагогијата, социологијата и другите сродни науки. Книгата ја промовираше проф д-р Васил Манчев кој го нагласи практичниот аспект на делото на Јовиќ кое може да послужи како водич и за наставниците и за родителите, но и за младите кои се во фокусот на научниот труд.
Во последните години се создаваат сериозни напори во препознавање на младата генерација, меѓутоа, тоа се општи или хипотетички размислувања за младите. Нашите сознанија за младата генерација имаат за цел да ги доближат одредените информации, но тие се далеку од тоа да ги задоволат барањата и анализите на потребите на младите. Младите во суштина се определени за современ модел на демократијата и поседуваат одредени својства по кои се разликуваат од претходната генерација. Младите во современиот свет претставуваат реалност, од нив се повеќе зависи успехот во заедницата, рече авторот Божидар Јовиќ на промоцијата на книгата.
Неговото трето научно остварување е во издание на „Просветно дело“- Скопје и може да се најде во оваа издавачка куќа.
Tweet |