Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2019
На пладне во Ликовниот салон, беше промовирана книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ од Лила Арсова. Ова е нејзина седма книга по ред.
Книгата нуди интересни приказни, секоја нуди скриена порака кон младата читателска публика. порака која се однесува кон секојдневниот живот, на проблеми кои што се сретнуваат децата и младите. И од секоја приказна може да се извлече порака од читателот - кажа авторката Арсова.
Промоцијата на книгата „Приказни од мојот крај“ беше во рамките на 52-те Детски Рацинови средби. Ја промовираше Ана Витанов Рингачева, писател и проф. на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Уживав додека ја читав. Успеа со начинот на раскажување да ме врати во детството. Ова се приказни кои коренот го имаа во народното творештво, во фолклорот и Арсова ги извадила од својата потсвест, од приказните кои та ги слушала и и` ги раскажувале. Успеала на примечив начин, близок за децата да ги прераскаже, така како што детскиот ум може да ги разбере. Тоа е доказ дека книгата ќе биде читана - рече промоторот Рингачева. Приказните ги читаше Филип Димкоски, писател од Прилеп.
Tweet |