Петар Печков
Објавено: вторник, 14 октомври 2014
Аудио книгата ,, Народни приказни од Балканските народи,, беше промовирана во велешката библиотека ,,Гоце Делчев,,. Таа е намената за слепите лица и лицата со попреченост во видот.
Оваа книга е прва од проектот кој го работат нашето Здружение и Градската Библиотека, не е финансиски поддржана од никого. Планираме да издадеме 20 наслови, аудио книги, во следните неколку години. Овој проект е резултат на неколкумина ентузијасти, со цел да им помогнеме на оваа категорија граѓани - рече Тони Пајдаков од Здружението на слепи лица на Велес.
Книгата е издадена по повод 15 октомври Светскиот ден на ,,белиот стап,, симбол на слепите лица. Текстовите на приказните ги чита Тодор Крајчев. Таа е наменета за лицата кои во подоцнежниот живот, од различни причини имаат проблеми со видот, па не биле во можност да ја научат Брајовата азбука.
Здружението има издадени повеќе наслови на книги, печатено со Брајово писмо. Аудио книгата ,,Народни приказни од Балканските народи,, е веќе дел од изданијата во Градската библиотека во Велес, и таа ќе им биде понудена и на останати читатели, пред се на децата од претшколска возраст. но и за останатите читатели. Аудио изданието ќе биде дистрибуирано и до сите Здруженија на слепи лица од Македонија.
Tweet |