Петар Печков
Објавено: среда, 05 декември 2018
Панче Ќурчиев викан Памипкот ја промовираше брошурата посветена неговиот живот ,,Легендата на градот Велес,,. На 2-тина страници повеќе со фотографии е илустриран животниот пат на Пампикот, кој за себе вели дека е спортист, музичар и актер. Тој изрази благодарност што на промоцијата дојдоа многу поранешни спортисти, но изрази жалење оти ги немаше музичарите и актерите.
На овие дваесетина страници е содржан мојот живот, од 1952 кога вујко ми за прв пат ме однесе на фудбал на Горски. Во 1955-та со Гравчеви давав пиеси во Соколаана, а од 1965 кога ги слушавме Битлси и Ролингстони, ние слушавме Радио Луксембург и Радио Монте Карло и започнав со музика. Има и настани како пензионер, бидејќи сум уште активен. Какао статист учествував во снимањето на кадри од капетан Леши. Ние бевме група каури кај Орде апашот а други беа кај Качарот, група Турци подолу и се тепавме со патлиџани - рече Ќурчиев. Во брошурата пишува кога се донел во Велес, во Градското кино да има концерт, тоа се најзвучните имиња од тоа време.
Димитар Вилазорски беше промотор кој кажа:
Оваа брошура е мала по обем но голема по значење, зошто во неа се состојат сите успеси на овој човек , надарен од Бога со ентузијазам, но полн со љубов кон уметноста и кон театарот, музиката и пред се кон спортот - рече Вилазроски.
Tweet |