Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2026
Промовирана е брошурата „Приказна за една идеја“ отпечатена на Брајово писмо, наменета за лицата со оштетен вид. Таа е изработена како дел од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ на волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес.
Инспирирана е од животот на Анри Динан, основачот на Црвениот крст а издадена во чест на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 април.
„Брошурата ја раскажува приказната за основањето на Црвениот крст, за хуманата идеја од која произлегло движењето, како и за значењето на солидарноста, хуманоста и помошта кон луѓето на кои им е најпотребна. Со нејзината изработка на Брајово писмо, младите овозможија оваа важна приказна да биде достапна и за лицата со оштетен вид, испраќајќи силна порака за еднаквост и инклузија. Овие младински иницијативи придонесуваат во градење похумано и подостапно општество за сите “ - кажа Матеја Матева волонтер во велешкиот Црвен крст.
Промоцијата се случи во медиотеката на Градската библиотека Гоце Делчев во Велес. Неколку примероци од брошурата беа подарени на библиотеката која има простор со книги на Брајово писмо.
фото ФБ ОО Црвен крст Велес
| Tweet |










