речник контакт

Промовирана втората стихозбирка „Виножито‘‘ на Зорица Палитова

Авторката е девојка со посебни потреби

Петар Печков

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес синоќа во Ликовиот салон во Велес ја промовира стихозбирката „Виножито‘‘ втора стихозбирка на 19 годишната Зорица Палитова девојка со посебни потреби членка на ова здружение.

Нејзината стихозбирка ја промовира профeсорот по македонски јазик Сашко Андреевски, кој за Зорица меѓу другото рече дека е таа е млад поет,кој и покрај церебралната парализа не престанува да пишува песни и ги охрабрува лицата со инвалидитет да го пронајдат своето место под сонцето.

Зорица пишува со едноставен течен јазик и стил, од душата, со љубов и длабоки чувства, вистинито и вистински животно. Своите болки, копнежи, надежи и стравови почна да ги ткае во импозантни стихови,потенцира Андреевски.

Во стихозбирката се содржани 27 песни. Промоторот Андреевски  потенцира дека песните кои имаат најголемо значење во стихозбирката,според него се оние во кои  Зорица пред читателската публика си ја разголува душата,ги открива своите стравови,надежи,разочарувања и очекувања.Такви се песните, „Колку сакам‘‘, „Споменар‘‘,  „Желба‘‘,„Копнеж‘‘ и „Надеж‘‘.

Ученици  на промоцијата читаа нејзини стихови,а вечерта беше збогатена со класична музика во изведба на младата виолинистка Орхидеја Дукова. На промоцијата на Зорица беа промовирана и цртежи од Гордана Митова исто така девојка со посебни потреби. Инаку првата стихозбирка на Зорица Палитова  која излезе пред неколку година е стихозбирката „Цвет за мама‘‘.

Далиборка Златева претседател на Здружението со церебрална парализа,потенцира дека промовирањето на книги изложби на слики и најразновидни креации  и други активности на овие лица  со посебни потреби членови на ова здружението има за цел и тие пред јавноста да се докажат во областа во која се креативни и да се почувствуваат општо прифатени во  општетствот.Воедно да се  се мотивираат и понатаму да творат и да бидат среќни како и нивните врсници

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »