речник контакт

Промовирана збирката афоризми од девет автори „Низ сито и решето“

Велешкиот автор афористичарот Атанас Крлески одбележа 45 години работи

Петар Печков

Во медиотеката од Велешката Градска библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата  афоризми „Низ сито и решето“.  Тоа е збирка, во која девет автори афористичари од Македонија, објавуваат дел од нивното творештво. Промотор беше Иван Котев од Струмица.

„Богатството на книгата е токму тоа што девет автори заеднички ни ги пренесуваат нивните афоризми. Нивниот дух е во една книга, тоа е е за поздравување, што е реткост и е од исклучителна вредност.  Нивните афоризми што се тука ќе имаат вредности из а пет години. Тие се надградуваат на народните мудрости, на народните поговорки.  Тоа е од огромна вредност  за македонското творештво. Авторите ги надградуваат поговорки со нивни пораки“ - кажа Котев.

Во збирката собрани се  афоризми од Атанас Крлевски, Ацо Ѓорѓиев, Драганчо Тасевски Изворски, Елеонора Николовска, Јане Атансов, Ленче Стоименова, Миле Ѓорѓијоски, Ристе Филчевски, Ружа Стојмилова. 

Промоцијата беше и одбележување на 45 годишнината од творештвото на велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Тој зад себе има издадено девет книги со афоризми. За неговото дело зборуваше Снежана Бошевска, директорка на Велешката библиотека „Гоце Делчев“.

„Нашиот сограѓанин, како автор и аафористичар остава белег во збогатувањето на културното живеење во градот и во литературата. Тој ги продолжува стапките на Јордан Хаџи Константинов џинот, кој прв во Македонија пишувал афоризми, Крлевски 45 години твори и работи.   Атанас 45 години чекори по патот на малите реченици и успева да допре до суштината на општеството. Преку неговите афоризми успева да не замисли и да не насмее. Се става во прво лице, не сакајќи да навреди некого, иако во нив можеме да препознаеме се што се случува во општеството “ - кажа Бошевска. 

Гостинка на афористичарите од Македонија беше пчеларката Атиџе Муратова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »