речник контакт

Промовирана збирката раскази „Детства“ на Наташа Брезовска Богоевска

Книгата е составена од 16 раскази

Петар Печков

Денес беше промовирана книгата, збирка раскази  „Детства“ од Наташа Брезовска Богоевска. Таа е родена во Гостивар, има завршено Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје. Работи како наставник во ОУ „Стојан Бурчевски Буридан’ во село Иванковци. 

Книгата раскази на Богоевска беше промовирана денеска пред Ликовниот салон, промотор беше Филип Димкоски. Книгата е составена од 16 раскази.

Раскажувањето во прво лице, од друга страна авторката ја прави сеприсутна, но не како авторка туку како едно од децата- ликови во расказите кое е сведок на се она што се случува.  Особено треба да истакнеме дека стилот на пишување е многу точен, течен, неоптоварен со описи, со непотребни и сложени зборови. Оттука ни е јасно дека дваесетогишното искуство на Брезовска Богоевска како горда и посветена професорка по македонски јазик  е вешто пренесено во расказите. Дел од расказите веројатно се инспирирани од случки на нејзините ученици. Овие текстови освен што не подучуваат на вистинските вредности, не учат и на чист, убав македонски јазик што е особено важно за сите ученици и за сите жители воопшто - кажа промоторот Димкоски.

Ова е прва книга на Наташа Брезовска Богоевска.

Следејќи ги децата постојано, сфатив дека повеќе го вреднуваат материјалното од духовното. Токму тоа ме поттикна да ја напишам книгата раскази со која сакам да им укажам на вистинските вредности – другарството, чесноста, одговорноста. Тие  се вистинските без временски вредности кои треба да се негуваат - рече авторката  Брезовска-Богоевска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »