Петар Печков
Објавено: недела, 02 октомври 2011
,,60 години ракомет во Македонија,, е насловот на книгата која беше промовирана во Велес. Нејзин автор е велешанецот Панче Николовски, кој во овој спорт е 63 години. Промотори на книгата беа професорите Нано Ружин и Гино Стрезовски.
Во книгата се опфатени сите значајни ракометни моменти во период од шеесет години. Таа е хронологија на овој трофеен спорт, кои во Македонија има континуитет и бележи добри резултати со децении. Сакав моето богатство од информации од ракометот, што сум ги собирал, да ги оставам за следните генерации – вели Николовски.
Книгата има 700 страници и е поделена на два дела, според периодот на играње, првиот е 1948-78 и вториот 1979 -2008 година.
Tweet |