речник контакт

Промовирана книгата ,,Турцизми во македонскиот јазик,,

Автор е велешанецот прим. д-р. Борислав Гајдов невропсихијатар

Петар Печков

Книгата ,,Турцизми во македонскиот јазик,,  од велешанецот прим. д-р. Борислав  Гајдов невропсихијатар, беше промовирана во медиотеката на Градската библиотека во Велес.  Книгата, која претставува редок повеќегодишен труд на собирање зборови од Велес и Велешко, содржи интересни податоци од историски настани, географски поими, археолошки локалитети, имиња на занаети, алатки, орудија, оружје, градинарски и земјоделски култури, имиња на животински и растителен свет, разни јадења, зачини и кујнски садови, градежни материјали, песни, музички инструменти, обичаи. Промотор беше проф. д-р Светлана Дафкова од Институтот за македонски јазик. 

Со изумирањето на чаршијата се губи и типичниот чаршиски муабет.  Чаршијата била местото каде доаѓале новите производи, и каде се вгнездувале и имињата на тие предмети.  Така низ лексиката се раскажува делот од историското и културно живеење на луѓето. Авторот имал за цел да ги собере турцизмите и на популарен начин да лесно и брзо да им ги пласира на читателите, така да ја прошират својата општата култура и знаење. Создал дело во кое секој може да пронајде сопствен дел од подзаборавениот говор свој или на своите дедовци и баби. Турските зборови сочинуваат значителен дел од  општиот  лексички дел на македонските дијалекти  и одиграл значајна улога во определен период од  историскиот развој на  македонскиот јазик и книжевност. Турцизмите го отсликуваат животниот период од пет века на македонскиот народ, со што се потврдува дека јазикот е дел од културното наследство на еден народ       рече Дафкова.    

Книгата  има околу осум илјади зборови и илјада презимиња кои потекнуваат  од занаети  турцизми. Досега Гајдов има напишано осум  книги. Книгата е издание на издавачката куќа ,,Тримакс,,.    

Книгата е индивидуален порив на аматер кој имаше желба да собере турцизми , сеќавајќи се на говорот на неговите предци дедо, баба, татко, мајка  сите велешани. Потоа се прошири идејата и на турцизми  кои се користат и во македонскиот јазик, не само велешкиот  - кажа  архитект Стефан Ѓорчев  соученик на Гајдов. Дел  од нивната средношколска  генерација  соученици, беа присутни на промоцијата. Авторот поради здравствени причини не беше.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »