речник контакт

Промовирана книгата ,, Сончевата трпеза,, од Лила Арсова

Книга драмски текстови е наменета за најмладата популација

Петар Печков

Книга драмски текстови „Сончевата трпеза“ вчера вечер беше промовирана  во салата Бели Мугри. Нејзин автор е велешанката Лила  Арсова, наставник од ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари.  

Во ова мое дело нудам драмски текстови, кои се надевам дека ќе  најдат дом во секој дом, дека ќе им се допаднат пред се на децата. На моите колеги од образованието  ќе им помогнат, бидејќи текстовите се достапни и едукативни за обработка на содржини со кои се судруваме - рече авторката Арсова.

Таа претходно пишуваше проза, поезија и објаснува дека не може да ја ограничи инспирацијата, таа е во зависност од расположението во моментот кога започнува да твори.  Ова е нејзино трето дело, претходно ги издаде двете стихозбирки за деца ,,Поточиња во детските очиња,, и ,,Детството соништа плете,,. На прашањето зошто само за најмладите, Арсова вели дека ,,децата се извор на светот, децата се украс и затоа треба да им дадеме корен и крилја да полетаат,,. Промотор  на книгата беше  Нада Алексоска.

Оваа книга може да послужи во училиштата за различни програми, во детски театри. Едночинките се идејно богати, се сретнуваат  повеќе ликови од граматички знаци, броеви, од деца, мајки, здрава храна.  Се со една цел, децата да се збогатат со нови сознанија кои ќе им користат во животот - рече Алексоска.

Изведба на  дел од драмски текстови на Арсова, беше  во режија на Весна Димитрова Бобевски и ментор Орданка Петкоска и ученици од повеќе училишта од градот.  Во музичкиот дел настапија на пијано Илија Настовски и вокал Тијана Саздовска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »