речник контакт

Промовирана книгата „Приказни за оние што ги нема“ која е создадена за хуманитарна цел

Книгата е збирка на текстови од повеќе автори, за да помогнат во лекувањето

Петар Печков

Во медиотеката од Градската библиотека се одржа промоција на  книгата „Приказни за оние што ги нема“. Таа е создадена од група автори по иницијатива на Вероника Саздовска Добревска со желба да помогнат во лекувањето на велешанката  Ивана Герасимов, 

Преку емоции и лични приказни, дел од авторите споделија извадоци од книгата, потсетувајќи  дека некои луѓе заминуваат, но нивните приказни продолжуваат да живеат меѓу страниците, во сеќавањата и во срцата на оние што ги сакаат.

Извадоци од сопствените текстови  прочитаа авторите Радица Митев, Сузана Божиновска, Стојне Стефанова, Светлана Далевска, Марина Стојанова, Соња Карбева, Габриела Костадинова, Сузана Сојтари Авдовиќ, Алија Авдовиќ и Рате Савев.

фото Градска библиотека Гоце Делчев

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »