Петар Печков
Објавено: сабота, 02 февруари 2013
Во Ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата за јога „Сатсанг-средба со вистината‘‘ од Павлос К. Хасанагос.
Книгата содржи избор на одговори од учителот Хасанагас на прашањата на јога практикантите.
Професорката по македонски јазик во пензија Светлана Ќулумова која три години активно практикува јога, потенцираше дека книгата му помага на човекот да дојде до себеси, да се спознае себеси и потоа да стигне до вистината.
Насловот на книгата има своја симболика, зборот Сатсанг значи разговор со учителот за да се дојде до вистината и токму учителот е катализаторот кој полека не доведува до вистината која не повикува кон духовното, истакна, Ќулумова.
Книгата првпат е промовирана во Скопје по повод завршната манифестација од одбележувањето 20 години од постоењето на јогата во Македонија, а потоа и во Неготино. По Велес, ќе биде промовирана и во останатите центри за јога во државата кои работат по методологијата на учителот Павлос К. Хасанагас
Tweet |