Петар Печков
Објавено: сабота, 24 декември 2016
Пред велешани нутриционистката Цвета Динева ја промовираше нејзината прва книга ,,Храната како лек на 21 век,,.
Долгогодишната работа со многу луѓе, изминатите 17 години, резултираа со оваа книга , за која авторката вели дека е буквар, како да се храниме, во храната да уживаме и таа да влијае на здравјето. Во книгата има и рецепти, како се подготвува здравата храна.
Храната која изминатите две децении се консумира, т.н. брза храна придонесе за многу болести, како кај младите така и кај возрасните, до зголемување на телесна тежина. Тоа е резултат на брзото темпо на живеење. Со воведување на здрава храна, можеме да влијаеме на нашето здравје. Со нејзе можеме да го зголемиме имунитетот, кој има поголем праг на толеранција на нападите на човековиот организам – вели Динева.
Во книгата има и искуства на лица, кои со здрава исхрана се избориле против одредени болести.
Сведоци сме дека луѓето сакаат да го променат начинот на исхрана. Не постои болест која може да се излекува само со лекарства. Луѓето се повеќе сакаат да научат и знаат да се хранат преку здрава храна. Не е добро кога се консумира кисела храна, со кисел ПХ фактор, се мисли на преработена. Имам лична формила за здрава исхрана. Тоа е В(ода) О(вошје) З(еленчук). Ако ги има нив секој човек секој ден - за ден, сум го обезбедила своето здравје. Носач на здравјето е водата треба да се пие, не газирани пијалоци. Да се јаде свежо овошје претпладне, тоа е да се земаат чистачи во организмот. Тие чистачи се полни со целулозни влакна, што носи празнење на дневно ниво на дебелото црево. Тоа пак значи одржување на флората на дебелото црево а од него тргнуваат сите болести. Или се развиваат патолошки состојби или се извор на здрава состојба. Тука се произведува витаминот Б12. И уште за свежиот зеленчук, посебно треба да се јадат трупки. Во Велес тоа се јаромазите. Тоа е вистинско чудо на природата. Телото треба да се чисти, како што ја чистиме колата, куќата. До ручек организмот треба да се чисти со вода, овошје, зеленчук – објаснвуа Динева.
Совет на Динева за претстојните празнични софри: Како подготовка на телото, тој ден, потребно е да се испие доволно вода, да се изеде доволно овошје, добра свежа салата. Потребно е организмот да ги добие т.н. чистачи, кои треба да се земат и следното утро по свеченоста.
Tweet |