Петар Печков
Објавено: среда, 13 декември 2023
Велешката поетеса Даница И. Лепојевиќ вчеравечер ја промовираше книгата „Дождови во мај – сублимирани емоции со две лажички мед“. Таа е нејзина трета книга поезија. Книгата е во издание на „Полица“ и во неа авторката, ги презентира своите емоции создавајќи интерактивно и хибридно дело со уникатна структура во нашата книжевност.
„Поетска авантура низ стихови, дневнички записи и Инстаграм-рилови со ефект на вистински емоционален ролеркостер. Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, ги поканува читателите директно и длабоко во интимниот дом на Даница, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото“ - вели авторката Лепојевиќ.
Таа на книжевната сцена појавува со збирката „Сјај и страв и песни“ во 2016 година, втората е збирката „Пребивалишта“објавена во 2019 година.
фото ФБ/ Даница И. Лепојевиќ
Tweet |