речник контакт

Промовирана книгата стихозбирката ,,Поетска плетенка,,

Трета книга на Ѓурчак

Петар Печков

Поетската книга ,, Поетска плетенка,, на роднокрајната поетесата Соња Таировски  Ѓурчак, беше промовирана во Ликовниот салон.   Авторката објаснува дека секој момент во далечината, во Германија, во Улм е  со родниот крај. Така било 40 години. 

 Мотивот што ме води низ животот  е љубов. Таа мора да се пренесена на бела хартија да остане и да биде запечатена и отпечатена. Ја создаваме во зависност од инспирацијата. Тоа се секунди, мисли кои летаат низ главата  и брзо морам да ги запишам. Мислата ми е постојано овде  -  вели авторката Ѓурчак.  Претходно таа има издадено две книги поетската  ,,Солза и љубов,, и ,, Афоризми: Љубов,живот и среќа,,.  

 Во новата стихозбирка, најчесто  пишува з а својата младост, за својата љубов во родната татковина. Во суштина тоа што го понела од своето детство, својата  младост.   Со низа на стихови ја раскажува  топлината на роднокрајното видување исполнет со љубов и младост.  Ова дело е естетско, етичко и воспитно четиво за младите генерации   - изјави промоторот Божидар Јовиќ.   

Соња Ѓурчак Таировска е родена во велешко Јасеново. По завршување на средното образование во Прилеп, заминува за Германија каде работи и твори. За родниот крај се`уште носи голема топлина солза и љубов. И самата вели: Љубов  со љубов се мери и со ништо неможе да се смени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »