Петар Печков
Објавено: четврток, 01 јуни 2023
Промовирана е книгата „Велес за време на Балканските и Првата Светска војна 1912-1918“ од проф. д-р Ѓорѓи Малковски. Во неа можат да се прочитаат детали од живеењето на населението, за слики од животот, кои повеќе биле темни отколку светли.
„Ова е прва и засега единствена книга за Велес во Балканските и Првата Светска војна. Таа е сублимат, со користење на документи, стари книги и факт,, што се случувало во Велес во периодот 1912-198 година. Користени се материјали од Архивите во Бугарија, Белград, Скопје и Велес. Во неа има 220 фотографии за градот Велес, кои ја отсликуваат тогашната положба, од кои 70 отсто за прв пат се објавуваат. Во период од шест години во Велес се менуваат три војски, Турската, Српската па Бугарската. Тие војски оставиле трауми во животот на велешани и тоа се чувствувало долги години потоа. Останува запишано, дека за прв пат во овој период, 1916-1916 велешани почувствувале глад. Дотогаш не се случило, населението да нема храна, но тие години оти целата била конфискувана за потребите на војските, па тие немале со што да се хранат. И едната и другата војска се однеле, опустошиле и народот немал што да јаде, не оставиле едно живинче.“ - кажа проф. д-р Малковски.
На прашањето дали е познато, како за периодот 1941-1944, колку жртви имало, Малковски кажа дека тоа е невозможно. Бидејќи населението било запишувано како српско или бугарско со додавки на презимињата и не може да се каже бројка, колкумина загинале во борбите или како жртви на репресијата.
„Освен што гинеле масовно на фронт, умирале и од тортурата што била вршена врз населението, жени, старци, деца. Немало кој да ги брани, немало некој што ќе застане во нивна одбрана. Државата ги малтретирала системски“ - додаде Малковски.
Издавач на книгата е Институтот за национална историја каде Малковски е вработен а финансирана е преку Министерството за образование и наука. Промотор беше проф. д-р. Стефан Мицов Влахов.
„Во книгата има малку познати детали од германската и бугарската окупација во овој период 1912-198 година. Сликите на еден град и регион, се слики кои го отсликуваат животот во државата. Тој ги анализира процесите кои се случуваат во Велес. Периодот кој Малковски го обработува, несе опфатен во македонската историографија, бидејќи податоците едноставно исчезнале од документацијата. Си оделе Србите се уништувале, си оделе Бугарите се уништувале Тој е во натпревар со времето, да се сочуваат овие спомени и од документацијата и од спомените на луѓето“ - рече Влахов.
Проф. д-р Малковски во 2012 година издаде труд, книга „Велес во Втората светска војна 1941-1944“ година. Книгата е дел од поголем проект за Велес низ историјата, започнат 1992 работен до 1998-ма, во време кога градоначалници беа Трајко Пренџов и Ордан Николовски, кој не се заврши но некои од авторите ги издадоа нивните трудови.
Претходно се издадеа и книгите „Велес меѓу двете светски војни“ на Зоран Тодорвски и Надежда Цветковска како и „Велес и велешко 1944 -1991“ до Виолета Ачковска.
Tweet |