речник контакт

Промовирана книгата „Лудило. Писма. Откровение“ од Игор Крајчев

Промоцијата беше дел од придружните манифестации на 58-то издание на Рациновите средби

Петар Печков

Во Ликовниот салон беше промовирана новата книга на велешкиот автор Игор Крајчев „Лудило. Писма. Откровение“.  Ова беше дел од  придружните содржини на 58-то издание на Рациновите средби.   Промотор на книгата беше Венко Андоновски.

„Книгата ја доживеав со голема радост. Игор го следам од неговите книжевни почетоци. Кај поетите доаѓа еден момент кога се одлепуваат од тоа што го нарекуваме стандард во поезијата.   Во еден момент човек почнува да ја бара смислата на поезијата во теозофски  категории, не само во земските работи, љубов, среќа, револуција, земна правда. Тој момент на одлепување од стварноста и барање на  смислата во трансцендентни категории,  му се случи на Крајчев со оваа книга“ - кажа при промоцијата Андоновски.   

Книгата е издание на Матица Македонска. Во неа во три  поетски циклуси поетот Крајчев пишува за  лудило, писма и откровение.
 
„Книгата нуди еден период од мојот живот, кога имаше една голема светска трагедија, како што беше пандемија со ковид-19.  Тоа е мое видување на случувањата што го обземаа светот изминатата година дена. Тука е се што се случуваше со мојата внатрешност, со моите емоции, со мене.  Позитивните одѕиви на кои книгата наиде се токму поради таа  искреност на емоциите на чувства кои преовладуваат во книгата. Почнува со голема доза песимизам, која на крајот преминува во надеж“  - рече авторот Крајчев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »