Петар Печков
Објавено: петок, 20 мај 2011
Книгата ја промовираа професорите Красимира Илиевска и Методија Стојановски.
Според професорката од Филолошкиот факултет во Скопје, Илиевска, книгата на Јовиќ преставува резултат на неговата долгогодишна работа во просветата и е продолжување на неговата работа по првата книга „Современо училиште-избор или потреба‘‘ што ја објави во 2005 година.
Сите теми се актуелни, интересно поставени и во голем број случаи проблематични или дури провокативни. Авторот се запира на прашања за тоа како треба да се однесува наставникот како да ја креира својата работа и да го осмислува целиот наставен процес, но и на дел од проблемите во современиот образовен процес. За кои по нивното дефинирање се разгледуваат можностите и се предлагаат начини и патишта за нивно решавање, рече Илиевска.
Со книгата, како што посочи, секој наставник добива практичен прирачник во својата работа во кој може да се најдат готови решенија за одредени ситуации и начин како да се решаваат конкретните проблеми.
Tweet |