Петар Печков
Објавено: среда, 10 март 2021
Велешката авторка Емилија Златкова Анастасова онлајн ја промовираше нејзината книга „Неверство„ издание на „Полица“. Делото беше промовирано во Локалната библиотека „Гоце Делчев' во Велес како организатор, а по повод празникот на жените 8 Март.
Книгата е трилер, за убиство на сопругата на локален свештеник и исчезнувањето на неговиот син, потрагата по убиецот и детето. Промоторот Ана Ѓурова кажа дека книгата ја прочитала за само два часа, поради тоа што сакала што побргу да го дознае расплетот.
„Фокусот на романот е ставен на семејството, на нашите најмили, нашите ангелчиња-децата. А најголемиот фокус е ставен на нашата верба кон Бога. Едноставно без таа верба ние сме празни, еден дел од душата ни е толку осамена и болна што ќе си помислиме дека ништо друго не може да ја исполни и излечи. Оваа мистерија ќе ве изненади и истовремено ќе ве исполни“ рече Ѓурова. Дополни дека авторката има лесен и читлив стил.
Авторката Емилија Златкова Аанстасова објасни дека ова е нејзин прв трилер а претходно пишувала други жанрови и сака да експериментира.
„Темата пораката на оваа книга е сосема спротивното од насловот на книгата е верноста, колку сме ние верни. Затоа на почеток велам не се потпирај на дрво и човек затоа што дрвото старее и гние и ако се потпреш може да се скрши и да паднеш. А ако се потпреш на човекот и човекот се менува старее и можеш да бидеш изневерен“ рече Златкова Анастасова.
Таа досега ги издала книгите за деца и младинци „Волшебното синџирче", поезијата „Нов ден, нова песна", збирка драми „Поглед кон невидливото" романот за возрасни „Близнаци" и збирката раскази „Детето во снегот" збирка раскази.
Книгата може да се изнајми во велешатка библиотека.
Tweet |