речник контакт

Промовирана книгата „Приказна за две деца“ на Наташа Брезовска Богоевска

Сите сме еднакви , посебноста треба да ја почитуваме -порача промоторката Ефтимија Карбева Лукарова, дефектолог

Петар Печков

Во медиотеката од градската библиотека Гоце Делев, вчера попладне беше промовирана книгата  „Приказна за две деца“ од  Наташа Брезовска Богоевска. Книгата е издание на Здружението на лица со церебрална парализа.

„Две деца, од кое едното е со попречености, го раскажуваат нивниот живот од свое гледиште. Како се запознаат, како се пронаоѓаа во играта, како живеат, учат. Целта ми е инклузијата во образованието да наиде на позитивен одѕив во јавноста, кај децата“ -  Брезовска Богоевска. Ова е нејзина трата книга, после „Детство “ и „Авантурите на желчето Тео“.

Рецензент и промотор на книгата беше  Ефтимија Карбева Лукарова, дефектолог.

„Горда сум што сум промотор на оваа книга, бидејќи сум специјален едукатор рехабилитатор и  што  имам сестра со посебни потреби имам растено со инклузивноста уште од мале нозе.  Читајќи ги приказните се испраќа порака до читателите, добро е како литература, како лектира да бидат прифатени од децата од училишна возраст. Така се развива емпатија, има инклузиивен пристап за лицата со потешкотии во развојот и ретки болести. Сите сме еднакви , посебноста треба да ја почитуваме “ - кажа   Карбева Лукарова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »