речник контакт

Промовирана книгата „Раскажувај ми за сечењето на корените“ од Ивана Настева

Ова е нејзино прво дело, збирка на раскази

Петар Печков

Во медиотеката од Велешката библиотека вечерва беше промовирана книгата  „Раскажувај ми за сечењето на корените„ од авторката велешанката Ивана Настева. Ова е нејзино прво дело.  Промотори на книгата беа Христина Николовска и Игор Крајчев.

„Имав можност да ја запознам Ивана уште на почеток на создавањето на оваа книга, кога беше идеја, замисла. Вечерва имам задоволство да ја промовирам како завршено дело, реализирана целина, остварено дело кое е импозантно. Таа се впушта во книжевни творби со соодветна наобразба.  Од книгата може да се прочита дека има книжевна позадина.  Таа е личност која се бори во себе  помеѓу прозаистот и поетот. Секој кој ќе ја прочита книгата ќе види дека таа е извонреден раскажувач, во расказите вметнува  стихови, кои може да функционираат како  поезија. Се работи за импресивен текст, збир од раскази, кој е едноставен но и многу необичен“ - рече Крајчев.  

Настева е дипломиран филолог,англиски јазик и книжевност.

„Расказот ми е омилена литературна форма. Книгата е збирка раскази, во исповедничка проза,  за секојдневието, за рутината на секојдневието,  за обичниот човек. Не користам сложени описи, сакам да бидам концизна. Бев изложена на  влијанеито на американскиот расказ и тоа ми е омилена форма и ми влијае врз стилот на пишување“ - кажа Настева.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »