Петар Печков
Објавено: четврток, 08 септември 2011
Прв пат во АРМ се воведува светска пракса, да имаме повеќе модели на гардиска униформа за различни прилики. Во одбележувањето на утрешниот ден, покрај седумте ешалони на АРМ, ќе бидат вклучени и 40 гардисти со новата празнична униформа. Ова е одличен јубилеј за да биде промовирано делото на кое во Министерството за одбрана се работеше една година, изјави заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
Проект го реализираше тим луѓе, историчари, етнолози, историчари на уметност, графички дизајнери, предводен од креаторот Александар Ношпал.
Многу сум горд и сметам дека направивме извонредно дело. Сите досегашни обвинувања и шпекулации кои ме пратат во животот, вклучувајќи го и изработувањето на гардиската униформа, беа неосновани бидејќи се што е направено има своја научна основа, истакна Ношпал.
Според него, дизајнирањето гардиска униформа не се случува преку ноќ. Тоа е истражувачка работа на цела екипа луѓе евидентирана како документ кој ќе финишира со публикација.
Како што рече заменик министерот Димитриев, освен празничната униформа ќе има и свечена и церемонијална, како и нова униформа за Воениот оркестар. Сите ќе бидат промовирани во соодветни прилики.
Tweet |