Петар Печков
Објавено: четврток, 06 март 2014
Во исполнетиот простор на Ликовниот салон се промовираше книгата ,,Расцутување,, на Божидар Јовиќ. Тоа негова прва книга со поезија, откако претходно напиша повеќе стручни дела за образованието и образовниот процес.
Книгата ја промовираа Горјан Петревски и Македонска Јанчевска додека стихови читаше актерката Слободанка Чичевска.
Јовиќ има завршени Филолошки факултет на УКИМ и специјализирал методика и дидактика на Универзитетот Ломоносов во Москва.
За посетителите на ТРМР Јовиќ ја подарува насловната песна од неговата книга.
Расцутување
Во мајски утра пливнува цутење
опојниот мирис се шири од јоргован
секојдневно е твоето дарување
од градината пламнува цветен бран.
Разновидни се боите на полското цвеќе
од прошетката китките ќе соберам
подарувањето кон тебе ме влече
букет со насмевка да подарам.
Им се радувам на китките полни
насекаде погледот ги пребарува,
чувствата во душа се задоволни
пламнување од вазната разигрува.
Јадровит мирис од цвеќе пролетно
среќата со задоволство се исполнува
меко и тивка за срцето многу сетно
расцутување на лицето ни севнува.
Мирисот на цвеќето создава траги
свесноста зрее во желбите со години
постојано се будат цветови нови
свежината милува по градите водени
Tweet |