речник контакт

Промовирана првата хаику поезија за деца во Македонија, книгата „Смајли во снегот“ од Атанас Крлевски

Оваа книга е хаиги, кога авторот користи и цртежи како илустрации за хаику поезијата

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата „Смајли во снегот“, хаику поезија за деца од Атанас Крлевски.  Ова е негова втора книга со хаику поезија.  

„Љубител сум на кратка форма на изразување. Таа ми лежи, како сатиричар во афоризмите максимално ја користам.   Оваа книга е хаиги, кога авторот користи и цртежи како илустрации за  хаику поезијата.  Во тоа ми помогнаа учениците од гимназија „Ацо Русковски “ од Берово и основците од ОУ „Васил Главинов“ од Велес“- кажа авторот Атанас Крлевски.

Тој досега има издадени 12 негови книги. Промотор беше Лила Арсова, претседател на клубот на роднокрајни  поети „Кочо Рацин“ од Велес.    Таа потенцира дека ова е прва книга со хауку поезија за деца во земјава.

„Делото содржи 50 песни со исто толку цртежи- акварели и графики. Авторот изненадува со поезијата која ја негува  за децата, очигледно дека се буди детето во него“ - рече Арсова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »