Петар Печков
Објавено: вторник, 22 мај 2018
Велешката поетеса Марина Стојанова денес на пладне во медиотеката на Градската Библиотека, ја промовираше нејзината нова книга ,,Поглед,,. Тоа е нејзина осма книга и оваа стихозбирка, во која се отпечатени седумдесетина нејзини нови песни со љубовна и патриотска тематика.
Се чувствувам среќно и убаво, оти ова промоција се поклопи со големиот празник летен Св. Никола. Мотивацијата и инспирацијата е насекаде околу нас, во љубовта, тагата, болката. Се чувствувам среќно оти имам свој идентитет, пишувам говорам на мајчин македонски јазик. Тоа е голема привилегија и големо задоволство - рече поетесата Стојанова.
Таа има издадено и една книга за деца ,,Шарко и Жарка,,. Стихозбирката ,,Поглед,, ја промовираше Лила Арсова писателка и претседател на Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, од Велес.
Стихозбирката изобилува со поезија за душа, има љубовни песни, патриотски има, доста лирика. Преовладува римата во сите песни, разбирливи за читателот. Има песни за сите генерации, нема ограничување од до и се лесно запомливи - рече промоторката Арсова.
Tweet |