речник контакт

Промовирана стихозбирката „Чекор во сонот“ од Рада Котеска Трпчевска

Книгата претставува збир од емоции – радост, љубов, тага

Петар Печков

Во медиотеката на  Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана  стихозбирката „Чекор во сонот“ од Рада Котеска Трпчевска, во издание на Издавачка куќа „Збор“.

Промотор на книгата беше Соња Карбева, која истакна дека 

„Поезијата на Котеска Трпеска е искрена, интимна и длабоко интроспективна, со стихови што претставуваат сведоштво за нејзините чувства, размислувања и лични доживувања. Авторката преку кратки и концизни форми успева да создаде силен емоционален израз и да воспостави блиска врска со читателот“ – кажа промоторката Карбева.

Во своето обраќање, авторката, која дел од животот го мина и во Велес, им се заблагодари на присутните за поддршката.

„Книгата е создадена од мојата душа и претставува збир од емоции – радост, љубов, тага, копнеж и надеж. Секој читател може да се пронајде во стихови и да го почувствува патувањето низ поетскиот свет“ – порача авторката Котеска Трпчевска

„Чекор во сонот“ нуди бегство од секојдневието и вовед во еден уметнички простор исполнет со мисли, чувства и соништа, каде што поезијата станува начин на самоспознавање и изразување.

 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »