Петар Печков
Објавено: петок, 31 август 2012
Две нови книги на професор д-р Васил Тоциновски денес беа промовирани во неговиот роден град Велес. ,,Затворен ковчег" е поетска книга со кој тој го заокружува неговото шеесет годишно творештво додека ,,Мост од Ѕуница`` книжевно- есеистичко дело во кое тој пишува за по 25 македонски и хрватски автори од 2008-ма па наваму.
Тоциновски е ретка појава во македонската книжевност литература со неговиот енциклопедиски дух. Него го гледам двострано и како уметник и како истражувач и неговото дело е поливалентно – рече промоторот професор Васил Дрвошанов. Издавач на двете книги е Хрватско книжевно друштво од Риека Хрватска а промоцијата беше организирана од Градската библиотека Гоце Делчев.
Кажаниот збор се чул или не се чул брзо се заборава, додека пишаниот останува за навек. Оваа промоција е континуитет на древниот Велес кој е светски пример по револуционерната и книжевната позитивна енергија во која чекори напред и остава трајни траги зад себе – вели д-р. Васил Тоциновски.
Тој последните пет години тој е професор и раководител на Лекторатот по македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет од Универзитетот во Риека од 2008-тата година. Изминатите години откако тој постои, се запишале 1200 студенти.
Tweet |