речник контакт

Промовирани зборникот и изложбата „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија‘‘

Во ликовниот салон во Велес беa промовирани зборникот и изложбата „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија‘‘.

Петар Печков

Настанот беше во организација на Здружението на граѓани политички прогонувани и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и  неговата државност и Народниот музеј.

На промоцијата на зборникот и изложбата говореа Петре Костов директор на велешкиот Народен музеј и Никола Андонов претседател на ова здружение. Говорејќи за Зборникот на политички затвореници 1945-1990, Костов меѓу другото потенцира - Овој Зборник, документира  поинаква вистина за еден систем кој бил далеку од идеален.

- Читајќи го зборникот, читајќи ги пресудите може да си ја замислите големината на трагедијата на овие луѓе чиј единствен грев била желбата да ја видат Македонија како независна држава. Самостојна, независна и обединета Македонија, а со тоа ги обележале нивните животи, но и животите на нивните семејства и нивните блиски. Зборникот  на политичкит затвореници 1945-1990, порача Андонов, читајте го и како потсетник за едно време кое треба да биде осудено. Зборникот нека придонесе во градењето свесност кај јавноста за злосторствата и масовните кршења на човековите права кои се случиле во поранешна Југославија, додаде тој.

На изложбата се претставени  60 паноа со работен наслов „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија“. Документите кои се презентирани на паноата се добиени доброволно од семејствата кои сакале да бидат прикажани, а дел се и од Архивот на Македонија, УБК и КПУ – Идризово.

Според Андонов, историјата „покажала и докажала дека повеќето политички затвореници не  биле народни непријатели туку самосвесни Македонци, противници на еден режим  кој безмалку расчистувал со оние кои мислеле поинаку“. - Со оние кои не се помирувале со тоа да му се одземе на човекот правото на сопствен избор на опции,правото да мисли, да има личен став и определба, додаде тој

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »