Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 октомври 2018
На 16-тото издание на Меѓународниот стрип салон кое се одржа во Велес, беа промовирани новите стрип изданија на Стрип центарот на Македонија (СЦМ). Пред читателите се најдоа три стрипа, издадени со финансиска помош на Министерството за култура.
Годинава сме поскромни во издаваштвото, но сепак љубителите на стрип уметноста имаат пред себе три изданија. Тоа се два броја од Стрип креатор, каде се наградените стрипови од минатогодишниот стрип салон, но и дел од македонските автори, со што ги афирмираме нашите творци. Се надевам дека стрип љубителите и од оваа скромна продукција ќе имаат интересни четива за читање, пред се помладата популација - рече Ване Трајков извршен директор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.
Во Стрип креатор се поместени 10-тина стрипови, меѓу нив се и стрипот за Клопатара, за Итар Пејо. Тука е и стрип книгата на авторот Миле Топуз, кој се претставува со трета книга за доаѓањето на Словените на Балканот. Тоа е за три лика Хацон, Крал Пребонд и Климент Охридски. Иако авторот Миел Топуз има 86 години се уште твори и веќе го нацртал стрип албумот за браќата Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кој СЦМ очекуваат следната година да биде отпечатен со поддршка на Министерството за култура.
Tweet |