Петар Печков
Објавено: петок, 20 февруари 2015
Дел од творештвото на Бранко Цветковски но и што другите пишувале за него е сместено во собраните дела, кои во шест тома се промовираа во Велес. Овие шест книги се пресек од неговото четири децениско пишување, од неговата работа., поетско и критичарско творештво .
Во првите два тома е пресекот на поетското творештво, во третиот е критиката и есеистиката за македонската и светската литература, во четвртата се погледи од 38 македонски автори посветени за мојата работа и дело а во последните два тома се мои 15 книги издадени на исто толку светски јазици - рече авторот Цветковски. Собраното творештво го промовираа претседателот на ДПМ Веле Смилевски и Санде Стојчевски.
Бранко Цветковски е еден до најзначајните автори во поновите текови на современата македонска поезија. Неговото творештво обележа еден магистрален тек во македонската литература. Важно е што ваква промоција се случи надвор од Скопје, со што се оживува литературниот живот и во внатрешноста - рече Смилевски. Промоцијата на собраните дела на Цветковски беше во библиотеката Гоце Делчев а во рамките на манифестацијата ,,;Велес град на културата,,.
Треба да се присуствува на промоцијата на делата на Цветковски надвор од земјава,за да се види каков третман и углед има тој надвор од нашите граници. Особено неговата поезија е преведена на голем број светски јазици и таа наидува на прекрасен прием, а неговите песни добиваат високи меѓународни награди. Тој е поет но и голем љубопитник и толкувач на литературното писмо. Тоа го прави да биде волуминозен и возбудлив автор - рече Санде Стојчевски.
Tweet |