Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 декември 2015
Библиотеката ,,Ратко Пајдаков,, која постои во рамките на библиотеката ,,Гоце Делчев,, од Велес е збогатена со четири нови наслови, четири нови книги, издадени во Браево писмо. Тие беа промовирани во локалната библиотека и се наменети за лицата со оштетен вид . ,,Белиот светец,, до Ристо Јачев, ,,Песни,, од Коле Неделковски ,,Табакерата од Ѓорги Абаџиев и ,,Македонска крвава свадба,, од Војдан Чернодрински.
Досега издадовме 21 книга на Браево книги и 178 книги со аудио наслови, кои можат да се слушната и преку веб страницата на Националниот сојуз на слепите на Македонија. Продолжуваме во наредниот период да издаваме по четири книги годинашно - изјави Тони Пајдаков секретар на Здружението на слепи лица од Велес.
За последните две години отпечатени се 11 книги а претходно за 15 години отпечатени се 10 наслови. Книгите се најдоа и во велешката библиотека, со чија помош се реализира овој проект. Тој е заеднички на Здружението на слепи лица од општина Велес и Библиотеката ,,Гоце Делчев,,. Книгите се адаптирани на Браево писмо
Проектот не е нов, трае повеќе години и на овој начин се врши вклучување на слепите лица во заедницата. Доставата до заинтересираните лица, кои сакаат да ги читаат книгите со Браево писмо, кои ги имаме, го врши здружението, преку специјализирани кутии наменети за овие книги. Интересот е голем и затоа го продолжуваме со изработка на нови книги - рече Игор Крајчев, директор на велешката библиотека.
Книгите се отпечатени со помош на печатар за Браево писмо, обезбеден со помош на локалана власт.
Овие нови четири книги се нови четири светлини за нас лицата со оштетен вид. Тие го осветлуваат самракот во кој се наоѓаме. Случајот во Велес е добар пример, на добра пракса како локалната самоуправа го помага здружението на слепите и тоа значи на сите слепи во Македонија, книгите да бидат достапни до нас. Право е на сите да читаме,. Очекуваме дека нашата држава, Република Македонија ќе најде сили по примерот на гестот на говор на глувите, да го признае Брајовото писмо, како званично писмо за слепите лица во државата. Инсистираме што побрзо тоа да се случи. Така побрзо ќе можеме целосно да ги завршуваме нашите секојдневни обврски, дали е на работа или во секојдневната комуникација - рече Коце Димов од Сојузот на слепи лица на Македонија.
Tweet |