Петар Печков
Објавено: петок, 11 ноември 2011
Свечено беше промовирана книгата ,,Патувањето на Петар Келеман,, на Меглен Горски или Александар Кукулев. Пред бројни гости , во куќата на Касапови, а во рамките на свеченостите на одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на ослободувањето н а Велес, беше претставена книгата, за убиството на српскиот крал Александар.
Овој настан кој во македонската е скоро целосно минимизиран, па Кукулев истражувајќи низ познатите и непознатите историски моменти ја напиша оваа книга. Истата се чита во еден здив, чекајќи ја секоја следна реченица и секоја следна страница, за да се дознае нешто повеќе за атентатот во Марсеј, кој се случи на 9 октомври 1934-тата година. Книгата може да се најде во киосците во градот.
Ова не е прво дело на Кукулев, тој зад себе има оставено повеќе радио драми ,,Сердарот,, ,,Болен Дојчин,, ,,Крвава Кошуља,, (која е издадена и на ЦД). Има и три телевизиски документарци а со ,,Пушкин од нашиот сокак,, во кој Раца зборува за нејзиниот однос со Кочо Рацин , ја доби наградата ,,Златна корија,, на телевизискиот фестивал во Крушево.
Тој е еден од авторите на филмот за загадувањето на Велес ,,Велес капут,,. Две години има учествувано и на Светскиот радио фестивал ,,при Марулиќ,, кој се одржува на Хвар Република Хрватска. Тој од пред некој ден се закити и со наградата 9-ти Ноември заради тоа што учествуваше во пронаоѓањето на моштите на Панко Брашнар.
Tweet |