речник контакт

Промоција нa Етноафоризми oд Крлевски

Афоризмите се накалемени на народни поговорки, изреки и изрази

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер, четврток се одржа промоција на најновата книга  на велешкиот сатиричар и афористичар Атанас Крлевски ,,Умот на крлашка,,.  Ова е негова шеста книга, но нејзиното значење е особено затоа што за прв пат еден македонски автор си поигрува со народните поговорки и афоризмите во едно ново дело, како што авторот го нарече ,,етноафоризми,,.    

Восхитен сум од продукцијата на Крлевски и  последната е посебна за македонското творештво, има посебен белег. Сите афоризми  се  накалемени на народни поговорки, изреки  и изрази. Со тоа добива на убавината афоризмот и се облагородува  поговорката. Афоризмот е жилав жанр и доживува експанзија во Македонија - кажа промоторот Иван Котев афористичар  од Струмица.

Крлевски кој е инженер по  телекомуникации, мината година прослави 40 години творештво и е добитник на општинската  награда 9-ти Ноември.  Oваа книга e сублимат на афоризми од петте претходни, како и некои нови. 

Афоризмите во оваа книга се засноваат на пословици, изреки и народни поговорки. Има  повод и мотив секогаш   да се пишуваат. Тие го одразуваат животот а животот е тука, има вечно  теми и дилеми - рече Крлевски.  Книгата е издание на ,,Академски печат,, од Скопје.  

 еве неколку етноафоризми:

 рани куче да те каса     времето е пари...кога би можеле да го орочиме   

кој прашува денес - талка    

до годините е, ѓезвето со кафе го ставаш на една рингла а вклучуваш друга     

дојдоа и моите пет минути, ама не знам колку ќе траат

за покојникот се најдобро,  син му ќе ни биде шеф      

и глупоста е мерлива, глупави се колку се тешки   

има високо мислење за себе, му лета умот       

имам современ комшија, не сака да ми црка кравата, туку сите компјутери  во куќата       

ја земав судбината во свои раце, гледам на кафе        

угоре високо, удолу длабоко, а средината не го прифаќа 

бесрамна лага на возрасните, не сме деца да се лажеме    

не гледа подалеку од носот а го пика каде не му е место    

не дозволувајте им на пријателите да ве употребуваат како противпожарен апарат, само кога им гори под нозете  

нема влакно на јазикот а одамна и на главата

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »