Петар Печков
Објавено: четврток, 03 октомври 2013
В недела во Ликовниот салон ќе биде промовирана “САТСАНГ – СРЕДБА СО ВИСТИНАТА“, книга втора, од учителот по јога Павлос К. Хасанагас, во издание на Јога- сојузот на Македонија. Промоцијата ќе се случи со почеток од 18 часот.
Промоцијата е дел од прославата на јубилејот 20 години од работата на Јога-друштво – Велес и по тој повод овој викенд ќе се одржи и семинар под водство на учителот по јога Павлос К. Хасанагас. Семинарот е наменет за практикантите на Јога-сојузот на Македонија, чија членка е Друштвото.
Tweet |