Петар Печков
Објавено: петок, 15 мај 2015
Во велешката библиотека беше промовирано последното дело на писателот Трајче Кацаров. Тоа е романот ,,Јад,, составен од 90 раскази, поделени во четири глави. Издавач е ,,Матица Македонска,,.
Авторот останува доследен на неговата досегашна постапка, се занимава со секојдневието, современието, со актуелниот момент, на негов хумористично сатиричен, ироничен и, духовит, луциден, провокативен начин. Авторот испишал роман кој е читлив актуелен. На индиректен начин го има чекањето, го има Годо од нашата улица, нашиот сокак. Го има тој мал обичен човек, кој е соочен меѓу реалноста и фикацијата , со секојдневните драми, катарзи , желби да се надмине себеси , да биде поголем , поубав и посреќен, што денес тешко успева. Романот е сериозно четиво и бара подготвен читател, кој се разбира во современата литература во постмодерната поставка, знае да чита во фрагменти, исечоци и сам да си го состави романот - рече промоторот Христо Петревски.
Штипјанецот Трајче Кацаров е македонски поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Неговите дела се преведени и на неколку јазици - англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенечки ,a неговите театарски пиеси се одиграни низ поевеќе театри во регеионот и пошироко.
Мислата дека само човек на човека може да му помогне, јас го демистифицирам, го растурам со овој роман. Го враќам човекот,на судбинското време, не на механичкото. Затоа велам дека етносот на чекачите, кој верува во судбината, определен од Бога од создателот. Никакво човеково дејание не може да ги реши проблемите кои самите се наметнуваат. Чекачот е човек кој ечка девет месеци д се роди, да порасне, да остари и да умре, за нив животот завршува уште пред да започне. Во мојот роман има еден етнос кој му се спротивставува на чекачот - објасни авторот Кацаров. Текстовите од романот ги читаше актерот Страшо Милошовски.
Tweet |